домаМакедонијаЃорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за продолжување на реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ).

Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека одржал работна средба со тимот на ЕБОР во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која биле разгледани следните чекори за проектот.

Според градоначалникот, по преземањето на мандатот, преку координација со Владата, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите институции, биле отстранети пречките кои, како што наведува, со години го блокирале проектот.

„Ги отстранивме пречките и создадовме услови БРТ конечно да влезе во фаза на реализација“, напиша Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img