МВР информира дека вчера попладне во 13:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека во село Робово, струмичко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р.(42) од село Робово и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(32) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Г.Р., која била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починала.






