домаСветОдложени завршните зборови за случајот со експретседателката на ДКСК

Одложени завршните зборови за случајот со експретседателката на ДКСК

- Advertisement -spot_img

Одложени завршните зборови во предметот „ДКСК“ во кој е обвинета поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат. Меѓу обвинетите се и Биљана Петровска Мантева и Миле Столески.

Одбраната на обвинетата Петровска – Мантева достави нов доказ со кој тврди дека ќе падне обвинението за оддавање службена тајна и ќе се докаже дека директорот на ТЕЦ „Неготино“ документот за набавка на мазут го доставил до уште 14 лица од три други подружници. Адвокатката Фундуки посочува дека документот не бил класифициран.

„Со денешната имејл комуникација и со денешниот документ што се доставува се докажува тотално спротивното. Значи, директорот на ТЕЦ Неготино, 41 ден претходно, ист документ или со слична содржина, а којшто се однесува на комплетната набавка на мазут за периодот од ’21-ва и ’23-та година, веќе имал во рака документ по којшто постапувал, и тоа не само како директор на подружница ТЕЦ Неготино, по таквиот документ постапувале и останатите подружници во составот на ад ЕСМ“, изјави Надица Фундуки – адвокатка на обвинетата Биљана Петровска Мантева.

Обвинителството пак, тврди дека доказот не е прибавен на законит начин и не оди во прилог на одбраната.

„Одбраната смета дека овој доказ е сличен на доказот кој ние сметаме дека не би смеел да се споделува со лица коишто не се повикани. Одбраната исто така имала можност, како што видовте документот е од 8 август 2024 година да го обезбеди во фаза кога се изведуваа и другите докази на одбраната. Затоа ние сметаме дека од страна на судот истиот треба да биде одбиен поради формата и поради можноста одбраната да го обезбеди во фаза кога на нив им беше овозможено“, изјави обвинителот, Фатон Азизи.

Поранешната антикорупционерка Татјана Димитрова е обвинета е за две кривични дела – за одавање службена тајна и за компјутерски фалсификат. Според обвинението, електронски доставила класифицирани информации на обвинет во предметот „Адитив“. А, за безбедносен сертификат во нејзино име тестот го полагало друго лице.

На почетокот на судењето, Димитровска се изјасни дека не се чувствува виновна.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img