домаРегионБАГЕРИ НА ПЛАЖА И БОДЛИКАВА ЖИЦА - Светот во шок од сцените...

БАГЕРИ НА ПЛАЖА И БОДЛИКАВА ЖИЦА – Светот во шок од сцените во Тирана

- Advertisement -spot_img

Не стивнуваат протестите на Албанците против изградбата на луксузното одморалиште во природен резерват, проект во кој е вклучен Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.

Напротив, бројот на демонстрантите во таканаречениот „Фламинго протест“ е сè поголем од ден на ден, што го потврдува и оној од крајот на минатата недела, иако за тоа нема официјална албанска потврда, освен што медиумите известуваат за „масовно учество“.

Имено, протестите започнаа како еколошко движење против изградбата на одморалиште во природниот резерват Звернец, на југозападниот брег на Албанија, кој е важно живелиште на птиците фламинго. Сè започна кога на плажата во Звернец се појавија градежни огради со бодликава жица и багери.

Но, секојдневните протести, освен против проектот на Кушнер на кој му е доделен статус на „посебен инвеститор“, сè повеќе се насочени и против албанскиот премиер Еди Рама, па се бара и негова оставка. Демонстрантите ја осудуваат и корупцијата, а на транспарентите во саботата можеше да се прочита и „Албанија не е на продажба“. Се бараше и ослободување на демонстрантите кои беа уапсени по судирите со полицијата во средината на минатата недела. Инаку, проектот сè уште нема градежна дозвола, а владата на Рама тврди дека проценката на влијанието врз животната средина сè уште не е ни започната.

Во четвртокот, демонстрантите се собраа пред парламентот за да го спречат влезот на пратениците во зградата. Полицијата употреби солзавец и водени топови. Демонстрантите фрлаа јајца, камења и други предмети и се обидоа да ги пробијат полициските кордони. Според извештајот на властите, повредени се 15 полицајци, а уапсени се 25 демонстранти. Албанската влада веќе подолго време се обидува да ја поттикне својата економија преку туризмот.

Семејството на американскиот претседател Трамп силно инвестира во луксузни проекти ширум светот, па очигледно дојде редот и на Албанија. Критичарите, пак, ги обвинуваат Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп дека го искористуваат фактот што Доналд Трамп е претседател на најголемата светска сила за сопствени деловни интереси. Дури се зборува и за „Фламинго револуција“, бидејќи Албанците очигледно немаат намера да се откажат.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img