домаМакедонијаКоњановски: „Инспирации“ ја потврдува силата на уметноста во развојот на модерна Битола

Коњановски: „Инспирации“ ја потврдува силата на уметноста во развојот на модерна Битола

- Advertisement -spot_img

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата Европска престолнина на културата – Кемниц, Нова Горица и Горица.

На настанот беше истакнато дека овие градови претставуваат различни, но подеднакво инспиративни примери за тоа како културата може да го обликува урбаниот простор, да ги поврзува граѓаните и да создава нови форми на заедништво. Според пораките од изложбата, културата не е само програма на настани, туку континуиран процес кој ги активира јавните простори и ја зајакнува социјалната кохезија.

Иницијативата „Европска престолнина на културата“, која постои повеќе од четири децении, од 1985 година, беше посочена како еден од најуспешните европски модели за поттикнување на културна размена, урбан развој и меѓународна соработка, со цел истакнување на културната разновидност на Европа.

На отворањето присуствуваа и дипломатски претставници од Италија и Словенија, додека во име на Германија беа пренесени поздрави за успешна реализација на изложбата.

Изложбата, организирана од Јуроп Хаус Битола во соработка со КИЦ Битола, ќе биде отворена за посетителите до 5 јули во просториите на Јуроп Хаус Битола во Офицерскиот дом.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img