домаМакедонијаПретседателот на „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, на средба со Архиепископот Охридски...

Претседателот на „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, на средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

- Advertisement -spot_img

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана.

Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.

Додава дека го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.

Искажав голема благодарност за честа да се сретнам и да поразговарам со г.г. Стефан и во оваа прилика, му подарив и примероци од македонскиот весник “Илинден“ и Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, нагласи Ѓурѓај.

Исто така, додава тој, го информирал и за добрата соработка што ја имаат со Поглаварот на Албанската афтокефална православна црква, го.г. Јоан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img