Пукањето се случило во градот Чико на северот од оваа американска држава, а еден осомничен е во притвор, јавува Асошиејтед Прес.
Полицијата соопшти дека одговорила на повик во кој се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе од библиотеката.
„Кога полицајците влегле во библиотеката, осомничениот избегал низ задната врата. Дополнителни сили за спроведување на законот зад библиотеката го привеле осомничениот“, изјави началникот на полицијата Били Олдриџ.
Според него, инцидентот е многу тажен и трауматичен за многу луѓе.
Улиците околу библиотеката биле привремено затворени, а за луѓето што биле во зградата бил отворен центар за семејно обединување.
Едно дете е однесено во болница со полесни повреди.
Полицијата не го објави името на осомничениот ниту детали за тоа што го предизвикало пукањето, но рече дека верува дека стрелецот дејствувал сам.
АП додаде дека полицијата изјавила дека нема да ги објави имињата на убиените додека не бидат известени најблиските роднини.
Локалните власти ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа.
Извор: Б92








