Велешанец на возраст од 45 години е лишен од слобода по пријави за семејно насилство врз неговите ќерки.
Според информациите од полицијата, на 9 јуни околу 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Б.С. (45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка.
Таа пријавила дека била физички нападната од својот татко во семејниот дом. Дополнително, од Центарот за социјални работи во Велес било пријавено дека во изминатите неколку денови истиот физички ја нападнал и својата малолетна ќерка, при што употребил и дрвен предмет.
Според пријавеното, осомничениот подолг временски период ги малтретирал и физички ги напаѓал своите ќерки.
По приведувањето, тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.








