Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне во Велес, при што 47-годишен маж се здобил со сериозни повреди.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена во СВР Велес на 9 јуни. Околу 15:00 часот на улицата „Браќа Капчеви“, велешанецот А.А. (47), управувајќи мопед „Кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се утврдуваат.








