домаМакедонијаСДСМ на конгрес за нова платформа: Филипче ја бара формулата за обнова

СДСМ на конгрес за нова платформа: Филипче ја бара формулата за обнова

- Advertisement -spot_img

СДСМ денеска во Скопје го одржува 32. програмски конгрес, на кој треба да бидат усвоени новата идеолошка платформа и програмската рамка на партијата. Конгресот доаѓа во период во кој најголемата опозициска партија се обидува да ја редефинира својата политичка понуда и да ја постави основата за следниот политички циклус.

Од партијата најавија дека конгресот ќе има отворен и работен дел. Во првиот дел е предвидено обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и обраќања на гостите. Потоа делегатите ќе продолжат со работа во групи, поделени во шест програмски столбови, врз документите што треба да бидат предложени за усвојување во финална верзија.

За СДСМ, овој конгрес е повеќе од редовна партиска процедура. Тој треба да покаже дали партијата успева да излезе од фазата на внатрешна консолидација и да понуди појасна политичка рамка по изборните порази, кадровските промени и обидите за стабилизирање на организацијата.

Филипче во изминатиот период најавуваше дека партијата треба да се отвори кон граѓаните, да ја обнови довербата и да изгради нова програма што нема да биде само реакција на власта, туку сопствена политичка понуда. Токму затоа, програмскиот конгрес ќе биде важен тест за тоа дали СДСМ ќе успее да ја преточи најавената обнова во конкретна политичка содржина.

Во фокусот на документите се очекува да бидат економската и социјалната политика, европската перспектива, демократските институции, владеењето на правото и позиционирањето на партијата како носител на прогресивниот блок. Конгресот се одржува и непосредно по „Скопската иницијатива“, со која СДСМ се обиде да ја прошири регионалната соработка со прогресивните и социјалдемократските партии од Европа и од Западен Балкан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img