домаМакедонијаДоволно резерви за грејната сезона, следната недела се очекува поевтинување на горивата

Доволно резерви за грејната сезона, следната недела се очекува поевтинување на горивата

- Advertisement -spot_img

Македонија е подготвена за претстојната грејна сезона и има доволно резерви на енергенси, вклучително и за зголемена потрошувачка, уверува премиерот Христијан Мицкоски.

Мерките за намалување на акцизата и ДДВ-то се очекува да предизвикаат намалување на приходите во буџетот. Според Мицкоски, само од акцизата се очекува недостиг од околу 5 милијарди денари, додека заедно со намалувањето на ДДВ-то сумата би можела да достигне од 7 до 8 милијарди денари.

Поради тоа, премиерот најави нов ребаланс на буџетот, нагласувајќи дека приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните.

„Имаме количини и за зголемената потрошувачка и за зголемените количини што ги користат граѓаните на соседните земји. Генерално, не очекувам некој поголем предизвик во текот на грејната сезона. Она што останува предизвик за нас, бидејќи сите мерки имаат своја цена, е што најверојатно ќе треба да направиме уште еден ребаланс на буџетот, бидејќи само врз основа на акцизата, проценките се дека ќе недостигаат околу 5 милијарди денари“, изјави Мицкоски.

Врз основа на движењата на берзите, премиерот очекува Регулаторната комисија за енергетика следната недела да донесе одлука за намалување на цените на нафтата и бензинот. Во меѓувреме, Владата преговара со компанијата „ОКТА“ за обезбедување дополнителен попуст.

„На социјалните мрежи одредени поединци дебатираат со мене дали сме први, четврти или петти и така натаму. Да бидам попрецизен, ние сме една од државите со најниска цена на горивото во регионот, а можеби и во Европа. Тоа овозможува социјален мир и контролирана стапка на инфлација, која во овој момент е за 50 проценти пониска од просекот во ЕУ“, рече Мицкоски.

Според премиерот, активностите за ремонт на термоенергетските блокови во РЕК „Битола“ и „Осломеј“ се во завршна фаза или ќе завршат до крајот на месецот.

Хидроенергетскиот потенцијал во моментов е на задоволително ниво.

Како главен предизвик во текот на грејната сезона, за која очекува целосно да започне во втората половина на ноември, Мицкоски го издвои загадувањето на воздухот поради употребата на нееколошки горива за греење.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img