домаСветШефовите на дипломатиите на Германија и Русија се состанаа, но не постигнаа...

Шефовите на дипломатиите на Германија и Русија се состанаа, но не постигнаа напредок

- Advertisement -spot_img

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Њујорк се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров, што е прва билатерална средба меѓу министрите од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Средбата која се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, траеше повеќе од 20 минути и заврши со ракување меѓу двајцата министри.

Лавров по средбата изјави дека разговорот со Вадефул бил непотребен и дека не забележал напредок во однос на нивните претходни разговори. За германската новинска агенција ДПА, тој рекол дека не слушнал „ништо поинакво“ од она што Берлин јавно го зборува секој ден.

Според Лавров, Германија го побарала состанокот во последен момент, а тој добил впечаток дека Вадефул очекувал Русија да направи отстапки во врска со Украина и пловидбата во Црното Море.

Од друга страна, Вадефул по средбата изјави дека и понатаму постојат длабоки несогласувања во врска со напорите за завршување на војната во Украина. Тој рече дека предложил деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но оти „не наишол на уво што слуша“.

Вадефул нагласи дека за Германија е важно да се стави до знаење дека не прифаќа инциденти како нападот со дрон во Лајпциг и оти таквите дејствија се неприфатлива ескалација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img