домаМакедонијаГужвите на клинички не стивнуваат – проектот за гаражи сè уште во...

Гужвите на клинички не стивнуваат – проектот за гаражи сè уште во подготовка

- Advertisement -spot_img

Низа најави и ветувања, но проектот и понатаму само на хартија – Монтажните гаражи во скопскиот клинички центар кои според првичните најави веќе требаше да бидат ставени во функција на граѓаните – засега остануваат само во најава.

Од Градот Скопје под чии ингеренции е сега проектот потврдија дека тендерот воопшто не ниту распишан, а нема ниту конкретна информација кога конечно ќе се реши сообраќајниот хаос на клнички.

Град Скопје

„Како што во изминатиот период веќе имавме објавено на Клинички Центар ќе се добијат околу 500 нови паркинг места. Документацијата за јавната набавка е во финална фаза и се очекува истата да биде објавена овој месец. Паралелно, се подготвува и останата документација која што е неопходна за реализација на овој проект.“

Во март градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот Алиу најавија дека веднаш по ребалансот на буџетот на градската каса, ќе се распише тендер. Исто така беше најавено и уредување на просторот околу Инфективната клиника, но наместо тоа, локацијата и натаму остава впечаток на недовршен градежен зафат.

Сообраќајниот хаос иако е само еден мал сегмент од проблемите во скопскиот клинички центар сепак повеќе од десет години надлежните не го решија, а пациенти кои доаѓаат од цела Македонија кружат и по еден час кружат додека да најдат слободно паркинг место.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img