домаМакедонијаСедница на Судски совет, на дневен ред тримесечни извештаи за работа на...

Седница на Судски совет, на дневен ред тримесечни извештаи за работа на судовите за периодот април-јуни 2026

- Advertisement -spot_img

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 557-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и разгледување и усвојување на тримесечните извештаи за работа на судовите за периодот април-јуни 2026 година.

На дневен ред е и усвојување на извештај по објавен оглас за избор на претседатели на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе.

Судскиот совет ќе треба да го разгледа и извештајот на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и Основен суд Струга.

Пред Судскиот совет ќе се најде и извештајот од работна посета на Основен кривичен суд Скопје.

На дневен ред на денешната седница се и избор и разрешување на судии-поротници, како и расправа и одлучување по извештаите за констатирана состојба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img