домаСпортФК Шкендија Тетово: Можно е целосно да се повлечеме од фудбалот во...

ФК Шкендија Тетово: Можно е целосно да се повлечеме од фудбалот во Македонија

- Advertisement -spot_img

Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово вечерва излезе со реакција по повод вчерашната одлука на ФФМ да се казни тетовскиот клуб со исфрлање од Купот за наредната сезона и парична казна од 105.000 евра.

Ова е реакцијата на Шкендија:

„По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против КФ Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и коригира.

КФ Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле со сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви.

Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите локални клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.

Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го наградуваат овој придонес со намерен удар. Овој пристап нè наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување од клубот/фудбалот во Македонија.

ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот.

Очекуваме органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img