Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел во рамките на Европскиот комитет на регионите, со присуство на претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство.
На седницата се разговара за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа, со посебен акцент на улогата на општините во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди.
„Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на нашата држава. Во овој процес, локалната самоуправа има незаменлива улога како алка што ги поврзува реформите со конкретните потреби на граѓаните и ги доближува европските стандарди до локално ниво“, изјави Меџити.
Во рамките на средбите и дискусиите, посебно внимание е посветено на патот кон членство во Европската Унија, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната самоуправа во исполнувањето на европската агенда на државата.








