домаМакедонијаИсчезнал кабел од 15 километри вреден 15.000 евра, имало спорни договори

Исчезнал кабел од 15 километри вреден 15.000 евра, имало спорни договори

- Advertisement -spot_img

Актуелното раководство на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открило низа неправилности во работењето на институцијата, меѓу кои исчезнат интернет-кабел долг 15 километри, вреден околу 15.000 евра, како и недостиг на документација за набавена опрема.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, изјави дека во институцијата не била спроведена ревизија од 2017 година, а при внатрешните проверки се констатирани повеќе спорни набавки и договори. Набавени биле компјутери, лаптопи и мобилни телефони „ајфон“, но за дел од опремата постојат само барања за набавка, без реверси или трага каде завршила.

Меѓу утврдените недоследности се и договори за телекомуникациски услуги со значително повисоки износи од првично предвидените. Така, бил склучен договор за мобилни услуги во вредност од 1,6 милиони денари, иако биле планирани 800.000 денари, додека за фиксна телефонија бил потпишан договор од 1,1 милион денари наместо предвидените 550.000 денари.

„Утврдивме и дека за прослава на 100-годишнината на ИЈЗ за еден час биле потрошени 50.000 евра. Па за што за еден час може да се потрошат 50.000 евра? Понатаму, ако законот дозволува за 1.000 евра или за 62.000 денари да набавиш некакви, одредени средства што ти се потребни без распишување јавна набавка, тие над милион и нешто имаат потрошено надвор од дозволеното. Замислете, 1.000 евра дозволени, а потрошиле над 20.000 евра. По 500.000 денари се давало за репрезентација, споредено со сега кога имаме нула репрезентација, некористење службено возило, немање службени патувања. Јас не користам мобилен телефон службен, не користам службен број. Постои евиденција – доколку се добие одреден апарат, на кого се издава апаратот, се задолжува. Постојат реверси и слично. Исплаќани се и одредени додатоци на плата незаконски, билдани, награди, активни, пасивни приправности – се спротивно на закон. Месечно по 5 милиони денари се штедат сега на тоа кога се изрегулирани коефициентите, кога не се исплаќа незаконски во однос со исплатите. Во однос на мрежниот кабел од 15.000 евра, ниту знаеме каде е, ни што е, ни зошто е“, изјави Андоновска.

Таа потенцира дека на барање на ИЈЗ е извршена ревизијата, чиј извештај со неповолно мислење беше објавен во јавноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img