домаМакедонијаПелегрини: По меморандумот за соработка, зголемен интерес за економска соработка меѓу Скопје...

Пелегрини: По меморандумот за соработка, зголемен интерес за економска соработка меѓу Скопје и Братислава

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи.

– По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок на заедничката Комисија за економска соработка овде во Братислава и повторно бизнис-форум, што беше организиран од страна на министерот за финансии, на кој учествуваа стотина компании од Северна Македонија – изјави Пелегрини по денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета на Словачка.

Тој додаде дека македонските компании покажале значителен интерес за соработка со словачките партнери, особено во повеќе индустриски сектори.

Пелегрини посочи и дека трговската размена покажува негативно салдо за Словачка, при што доставувачите од Северна Македонија испорачуваат повеќе делови за автомобилската индустрија отколку што Словачка извезува на македонскиот пазар.
Во однос на енергетиката, тој ја нагласи важноста од изградба на регионални инфраструктурни врски, особено меѓу Грција и Северна Македонија, што би овозможило диверзификација и нови патишта за транспорт на енергија кон регионот.

Треба да има изградена врска меѓу Грција и Северна Македонија бидејќи овој дел е многу интересен за нас од перспектива на диверзификација и нови патишта за транспорт на енергијата до нашиот регион – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img