домаМакедонијаКамерите уловија 100 илјади прекршоци за 5 месеци

Камерите уловија 100 илјади прекршоци за 5 месеци

- Advertisement -spot_img

За 5 месеци системот „Безбеден град“ уловил над 100 000 возачи кои сториле прекршок на македонските патишта. Наместо намалување Safe city секој нареден месец од неговата примени бележи зголемување на сообраќајните прекршоци. Најголем број од нив се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволеното.

– Во периодот од 02 февруари до 31 мај 2026 година, од страна на системот „Безбеден град“, регистрирани се вкупно 101 834 прекршоци, од кои 19.066 во февруари, 26.241 прекршок во март, 28.033 прекршоци во месец април. Во месец мај пак констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци.Најголемиот дел се за „управување на возило со брзина поголема од дозволената“-70.365, потоа 2.519 прекршоци за „управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, а регистрирани се и 456 прекршоци за „минување на затворен сигнал-црвено светло“.

Системот „Безбеден град“ евидентирал и возачи кои возеле и со над 170 километри на час во населено место

Возачите со поделени мислења. Системот помогнал за воведување на ред во сообраќајот, но бараат решенија за подобар сообраќаен проток

Сообраќајните експерти велат дека за поголем ред во сообраќајот не можеме да се потпреме само на системот Безбеден град. На патиштата недостасува присуство на полицијата, а неопходни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура.

Од МВР велат дека нивни екипи се постојано на терен. Последниов месец полициските екипи издале 16 885 платни налози поради прекршување на сообраќајните правила, а одземени биле 238 возила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img