74-годишник бил пронајден починат во хотел на Бит Пазар.
– На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.








