Шест лица беа убиени во Дњепарк, а 36 беа повредени по нападите во раните утрински часови. Четири лица сe убиени во Киев, а најмалку 51 се повредени – од кои 35 се во болница, соопштија официјални лица.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две високи станбени згради се погодени во градот и дека постојат стравувања дека луѓе се заробени под урнатините.
Москва минатата недела предупреди дека ќе започне напади врз Украина како одговор на нападот со беспилотни летала минатиот месец врз студентски дом во украинскиот регион Луганск, кој е под руска контрола, во кој загинаа 21 лице.
Нападите доаѓаат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот ги повтори предупредувањата за можен голем руски напад и ги повика жителите да обрнат посебно внимание на предупредувањата за воздушен напад.








