домаМакедонијаОставка на вицепремиерот Арбен Фетаи: Работев со максимална посветеност

Оставка на вицепремиерот Арбен Фетаи: Работев со максимална посветеност

- Advertisement -spot_img

Оставка на својата вицепремиерска функција денеска до премиерот Христијан Мицкоски поднесе заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Во објавата на социјални мрежи тој наведе дека одлуката е донесена внимателно и со убедување дека тоа е најправилен и најдостоинствен чекор.

-Денес му ја доставив на премиерот мојата оставка од функцијата заменик-претседател на Владата за добро владеење. Во изминатите две години имав чест и привилегија да ѝ служам на државата, придонесувајќи за реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото — мисија која е исто толку важна, колку што е и неблагодарна. Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но дали работев со максимална посветеност за да поставам здрави темели врз кои може понатаму да се гради? Без никаква дилема, да – наведе вицепремиерот Фетаи.

Тој додаде дека заминува „со крената глава и со чиста совест“.

-Им благодарам на сите што ми укажаа доверба, ме поддржаа и соработуваа со мене. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми беа поддршка и мотивација на секој чекор. Службата на јавниот интерес не завршува со функцијата. Напротив, таа продолжува секаде каде што има потреба од интегритет, храброст и слободни гласови во одбрана на заедничкото добро – напиша Фетаи.

Заминувањето на Фетаи од функцијата се актуелизира откако тој дојде во судир со новото раководство на партијата „Вреди“ и по што почна да не оди на своето работно место. Премиерот Мицкоски неодамна изјави дека се размислува тој да биде испратен како претставник во Брисел. (Б.Ѓ.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img