домаМакедонијаПрва седница на Централното собрание на ВЛЕН: Се отвори прашањето за владина...

Прва седница на Централното собрание на ВЛЕН: Се отвори прашањето за владина реконструкција

- Advertisement -spot_img

Централното собрание на ВЛЕН денеска ја одржа својата прва седница по формирањето на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период и чекорите за понатамошно јакнење на партиската организација.

Како што информираат од партијата, на седницата била отворена дискусија и за можната реконструкција на Владата. Во таа насока била направена анализа на работата на носителите на јавни функции, при што било истакнато дека секоја евентуална промена треба да придонесе за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на ветувањата дадени пред граѓаните.

Членовите на Централното собрание извршиле и сеопфатна анализа на досегашното работење на ВЛЕН. Биле разгледани постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за идниот период, со посебен акцент на подобрување на координацијата меѓу партиските структури, теренските активности и континуираната комуникација со јавноста.

Значаен дел од состанокот бил посветен на консолидацијата на ограноците и зајакнувањето на партиските структури во сите населени места. Од ВЛЕН оценуваат дека силната организација на терен претставува клучен предуслов за подобро претставување на граѓаните и побрзо препознавање и решавање на нивните потреби.

Од партијата порачаа дека и во наредниот период ќе продолжат да дејствуваат со целосна политичка и институционална одговорност, насочени кон исполнување на приоритетите и очекувањата на граѓаните кои им ја дале својата доверба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img