Македонија да не молчи и пасивно да чека решение од Брисел за предлогот на германскиот канцелар Мерц, туку да биде активна и да бара паралелен процес кој ќе има краен резултат – полноправно членство во ЕУ, вели Андреја Стојковски, директор на Преспа институт, во емисијата „Европат“ на ТВ 24. Според Стојковски, многу е веројатно предлогот на Мерц да биде политички усогласен и прифатен на самитот за Западен Балкан на 5 јуни во Тиват.








