домаМакедонијаМицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата

- Advertisement -spot_img

За нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ и постепена интеграција на Западен Балкан и Молдавија и Украина, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тие размислувања и идеи ги слуша подолго време. Премиерот истакна дека не може да зборува повеќе доколку тоа не стане официјално. Според Мицкоски, ваквите најави на Мерц потекнуваат уште од Берлинскиот процес лани во Лондон.

-Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Претпоставувам тоа ќе се случи престојниот Самит во Тиват од 4 до 5-ти јуни. Со нетрпение очекувам да ги видам овие концепти и идеи, кажа Мицкоски денеска од отворањето на трговскиот центар „Mega shopping Park“ во Гевгелија.

За најавената посета на претседателот на Европскиот совет, Антионио Кошта, премиерот рече дека досега имаат пријателски разговори и секогаш бил конструктивен за да се изнајде „решение за вештачкото и билатерално барање на една земја-членка кон Македонија“.

-Сигурен сум дека за неговото присуство тука, ќе размениме повеќе идеи како може да се надмине прашањето. Би било некултурно да се очекува да се промени ставот преку ноќ бидејќи не се исполнети предусловите кои ги очекуваме и заслужуваме, рече Мицкоски.

Инаку, во писмото до лидерите на Европската Унија, германскиот канцелар предлага Украина да добие модел на „асоцијативно членство“ како преодна фаза кон полноправно членство. Тој модел би овозможил учество на украинските претставници во работата на институциите на ЕУ без право на глас, како и постепена примена на европското законодавство.

Во однос на Западен Балкан и Молдавија, Мерц предлага забрзана и постепена интеграција преку привилегиран пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и поблиско вклучување во европските институции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img