домаХроникаТринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

- Advertisement -spot_img

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези.

Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекар констатирал смрт.

Од полицијата информираат дека возачот на автомобилот бил лишен од слобода во 21.20 часот и задржан во полициска станица.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се испитуваат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img