домаМакедонијаПроданоски: Концертот на „Ордан Михајлоски – Оцка“ е вистинска промоција на младата...

Проданоски: Концертот на „Ордан Михајлоски – Оцка“ е вистинска промоција на младата музичка иднина на Прилеп

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски присуствуваше на годишниот концерт на Музичкото основно училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, кој се одржа во амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп.

Настанот беше исполнет со богата музичка програма и силни емоции, а младите музичари со своите изведби уште еднаш го потврдија својот талент, посветеност и љубов кон музиката.

Проданоски истакна дека Прилеп може да биде горд на младите уметници и на нивните наставници кои секојдневно вложуваат во развојот на музичкото образование и културата во градот.

Тој упати благодарност до наставниот кадар и раководството на училиштето за успешната организација, како и до родителите и публиката кои со своето присуство им дадоа поддршка на учениците и придонесоа за посебната атмосфера на вечерта.

Годишниот концерт, како што беше нагласено, претставува уште една потврда за континуираната работа и развој на младите музички таленти во Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img