домаМакедонијаТоневски: Пробиштип има млади луѓе кои носат енергија, идеи и позитивни промени

Тоневски: Пробиштип има млади луѓе кои носат енергија, идеи и позитивни промени

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски истакна дека младите имаат капацитет, идеи и енергија да бидат активен фактор во развојот на општината, по реализираната активност „Градоначалник на еден ден“, на иницијатива на Локалниот младински совет.

Во рамки на активноста, градоначалничката функција симболично ѝ беше доверена на Михаела Ѓоргиева, ученичка во прва година во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип.

Заедно со неа биле одржани работни средби со раководителите на општинските одделенија, како и состанок со претставник на ветеринарните амбуланти, на кој се разговарало за контролата на популацијата на домашните и бездомните животни и можностите за општинска поддршка.

Во текот на денот бил извршен и увид во тековните градежни активности на неколку локации во градот, а дел од програмата вклучувала и присуство на седница на Советот на Општина Пробиштип, каде се разгледувале и носеле одлуки поврзани со локалниот развој.

Тоневски нагласил дека ваквите активности се важни за доближување на работата на локалната самоуправа до младите, како и за нивно поттикнување поактивно да се вклучат во процесите на одлучување.

Тој се заблагодарил на Локалниот младински совет и на сите пријавени учесници, истакнувајќи дека општината останува отворена за нивните идеи и предлози.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img