домаМакедонијаОпштина Битола ги отвора вратите за идните средношколци: „Твој избор – твоја...

Општина Битола ги отвора вратите за идните средношколци: „Твој избор – твоја иднина“

- Advertisement -spot_img

Општина Битола и Културниот и информативен центар (КИЦ) утре, 28 мај 2026 година (четврток), организираат отворен ден за идните средношколци под мотото „Твој избор – твоја иднина“.

Настанот ќе се одржи од 11:00 до 13:00 часот на платото пред Офицерскиот дом, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со образовните програми, проектите и активностите на средните училишта во Битола.

Во рамки на настанот ќе бидат поставени штандови на средните училишта, младинските организации и организациите за млади, а предвидена е и музичка програма.

Организаторите посочуваат дека целта е идните средношколци полесно да се информираат и да го направат вистинскиот избор за своето образование и иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img