домаМакедонијаКамионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница влегол во...

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница влегол во Македонија на ГП „Блаце“ и бил празен

- Advertisement -spot_img

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, рече Николовски.

Првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков,, неговиот 20-годишен син Адам и две дваесетгодишни момчиња – Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, другари на Адам, се загинатите во оваа трагична сообраќајна несреќа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img