Електро-машински, информатички, медицински струки, услужни дејности и десетици занимања ги чекаат деветтоодделенците. Тоа е клучен избор за нивната професија и барањата на пазарот на трудот.
Преку 800 деветоодделенци од Прилеп и другите општини треба да најдат место во петте средни училишта.
Изборот не е лесен, ама пазарот на трудот го има последниот збор.
И економско-правните струки сакаат да го зголемат интересот. Велат тоа не е само работа од канцеларија.
Деветтоодделенците се пред голем испит. Станува збор за животната стручна определба.








