домаМакедонија(ВИДЕО) Проданоски: Јубилејното 20-то издание на „Сите на велосипед“ уште еднаш го...

(ВИДЕО) Проданоски: Јубилејното 20-то издание на „Сите на велосипед“ уште еднаш го обедини Прилеп

- Advertisement -spot_img

Голем број велосипедисти, деца, млади и рекреативци денеска беа дел од јубилејното 20-то издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Сите на велосипед – 2026“, која уште еднаш ја исполни Прилеп со спортски дух, позитивна енергија и заедништво.

За успешното одржување на настанот информираше градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакнувајќи дека градот повторно покажал дека спортот и здравите животни навики се вредности што ги поврзуваат сите генерации.

Учесниците беа дел од велосипедската тура на релација Прилеп – Мало Коњари – Прилеп, а манифестацијата помина во одлична атмосфера, исполнета со дружење, рекреација и спортски ентузијазам.

Проданоски упати благодарност до сите учесници, како и до организаторите и поддржувачите кои придонеле за реализација на настанот.

Посебно признание беше упатено до Велосипедскиот клуб „Илинден“, кој со својата долгогодишна работа и посветеност продолжува да биде еден од носителите на велосипедската култура и спортските активности во Прилеп.

„Нека традицијата продолжи уште многу години“, порача Проданоски.

Манифестацијата „Сите на велосипед“ со години претставува еден од препознатливите спортско-рекреативни настани во Прилеп, а нејзиното јубилејно издание уште еднаш потврди дека интересот и поддршката кај граѓаните не изостануваат.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img