домаМакедонијаПрилеп го слави јубилејот: „Сите на Велосипед 2026“ со 20 години традиција

Прилеп го слави јубилејот: „Сите на Велосипед 2026“ со 20 години традиција

- Advertisement -spot_img

Општина Прилеп ја најави традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува 20-годишен јубилеј.

Настанот ќе се одржи на 25 мај 2026 година, со почеток на собирање од 11:00 часот, додека стартот е закажан за 12:00 часот. Локацијата на стартот е булевар „Гоце Делчев“ – пред „Реклами“.

Велосипедската рута ќе се движи од Прилеп до село Мало Коњари и назад, а организаторите најавуваат масовно учество на граѓани од сите возрасти.

Од Општина Прилеп упатија покана до семејства, деца, млади и рекреативци да се приклучат на настанот, со цел промоција на здрав начин на живот, физичка активност и заедништво.

„Оваа година одбележуваме значаен јубилеј – 20 години дружење, спортски дух и велосипедска традиција во нашиот град“, стои во соопштението.

Со манифестацијата, како што се наведува, се испраќа порака за поздрава животна средина и активно градење на спортската култура во Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img