домаМакедонијаПроданоски: Вложувањето во младите носи развој и перспектива за Прилеп

Проданоски: Вложувањето во младите носи развој и перспектива за Прилеп

- Advertisement -spot_img

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование и практична подготовка.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека инвестирањето во младите претставува највреден капитал за успех и напредок на заедницата. Според него, знаењето, вештините и практичната обука се клучни елементи за градење успешни генерации.

„Заедно со наставници, родители, ученици и експерти ја потврдивме заедничката визија дека образованието и практичната подготовка се најсилната основа за иднината“, истакна Проданоски.

Во рамките на настанот се одржа и Отворен ден, на кој идните средношколци имаа можност да се запознаат со образовните програми, насоки и можностите што ги нуди училиштето. Преку директни презентации и практична работа, учениците добија појасна слика за своите идни професионални избори.

Проданоски нагласи дека локалната самоуправа активно работи на креирање стратегии за поврзување на образованието со пазарот на трудот, со цел младите полесно да се вклучат во економијата и да ги применат своите знаења во пракса.

„Само на тој начин ќе обезбедиме младите да станат двигател на локалниот развој и да изградиме стабилна и перспективна заедница“, додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img