домаМакедонијаРокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до вторник, до сега доставени само...

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до вторник, до сега доставени само 14%

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи информира дека законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски е 25 мај, понеделник, но со оглед на тоа дека е неработен ден, краен рок за исполнување на оваа даночна обврска е првиот следен работен ден, односно 26 мај 2026 година, вторник.

Според податоците на УЈП до денес, од вкупно 8.164 даночни обврзници, само 1.209 односно 14,8% од даночните обврзници со обврска за поднесување на ДДВ-04 пријави ги поднеле истите.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување на ДДВ-04 пријавите, со цел да избегнат дополнителни финансиски трошоци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img