Адвокатите се собраа во хотелот „Изгрев“ во Струга на 16 мај за да го изберат наследникот на Љубомир Михајловски кој беше два мандати на чело на организација. За претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија е избран адвокатот Лазо Ѓорѓиевски од Скопје. За заменици претседатели се избрани адвокатката Хамдије Адеми Тафа од Кичево и адвокатот Дарко Георгиев од Скопје.
Избрани беа и нови членови на органите на Комората за наредниот мандатен период.
Адвокатската комора и понатаму останува посветена на заштитата на независноста и самостојноста на адвокатурата, унапредувањето на професионалните стандарди, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, како и на продлабочувањето на соработката со домашните и меѓународните институции и организации, се вели во соопштението на Комората.








