домаМакедонијаВо Собранието почна расправата за предлог-буџетот за 2027 година: Државата планира приходи...

Во Собранието почна расправата за предлог-буџетот за 2027 година: Државата планира приходи од 6,43 милијарди евра и расходи од 7,16 милијарди евра

- Advertisement -spot_img

Во Собранието денеска почнува разгледувањето на Предлог-буџетот за 2027 година во второ читање, во Комисијата за финансирање и буџет. За буџетот се поднесени над 300 амандмани, а расправата во Комисијата ќе трае 10 дена.

Вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари (6,43 милијарди евра), додека расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари (7,16 милијарди евра). Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари (околу 731,7 милиони евра), односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари (663,4 милиони евра), додека за исплата на пензиите се планирани 123,8 милијарди денари (околу 2,01 милијарди евра). За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари (3,59 милијарди евра).

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека буџетот има за цел да ја зачува финансиската стабилност, да обезбеди економски раст и да го подобри животниот стандард. Таа нагласи дека за здравството се обезбедени 3,9 милијарди денари (околу 63,4 милиони евра) повеќе во споредба со оваа година.

Меѓу инфраструктурните проекти што ќе продолжат се коридорите 8 и 10-Д, автопатите Кичево–Охрид, Кичево–Букојчани и Скопје–Блаце, како и инвестициите во железницата и јавниот превоз во Скопје.

Покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, државата во 2027 година има обврски за отплата на долгот во износ од 124,6 милијарди денари (околу 2,03 милијарди евра), од кои 46,5 милијарди денари (околу 756 милиони евра) се надворешен долг.

Следната година треба да се отплати и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година.

За финансирање на дефицитот и обврските се планирани домашни задолжувања од 36,3 милијарди денари (околу 590 милиони евра), како и 60 милијарди денари (околу 976 милиони евра) преку едногодишни државни хартии од вредност што доспеваат за отплата. Надворешното задолжување е предвидено да изнесува 86,8 милијарди денари (околу 1,41 милијарда евра).

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img