домаМакедонијаЈаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

- Advertisement -spot_img

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста.

Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата.

Таа информираше дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобра распределба на стипендиите, со фокус на успехот на студентите, потребите на државата и пазарот на трудот.

Јаневска посочи дека во изминатите пет години не се исполнувала квотата за социјални стипендии, поради што дел од средствата останувале неискористени.

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени.

Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

Дополнително, Јаневска соопшти дека ова лето ќе започне реконструкција на сите студентски домови во државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img