домаМакедонијаТоневски: По децении чекање, Кундино добива нов пат - започна асфалтирањето на...

Тоневски: По децении чекање, Кундино добива нов пат – започна асфалтирањето на делницата

- Advertisement -spot_img

Започна асфалтирањето на патниот правец до село Кундино, со што влегува во завршна фаза проектот за целосна реконструкција на патот, информираше Тони Тоневски.

Во моментов се поставува првиот – порамнителен асфалтен слој, а во наредните денови е предвидено поставување и на вториот, завршен слој, по што патот ќе добие целосно нов и побезбеден изглед за жителите и посетителите.

Проектот опфаќа реконструкција на делница во должина од 1.427 метри и ширина од 3,5 метри, а предвидени се и дополнителни инфраструктурни зафати, меѓу кои изградба на пропусти и одводни канали, како и проширување на мостот на трасата.

За реализација на проектот се обезбедени 7.081.310 денари од Министерство за транспорт, додека изведувач на градежните работи е Коле-Транс Инжинеринг.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реконструкцијата ќе придонесе за подобра поврзаност, поголема безбедност во сообраќајот и подобри услови за секојдневно движење на жителите од овој регион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img