домаМакедонијаОпштина Битола: Ракометот повторно ги обедини битолчани - Едногласно продолжена платформата на...

Општина Битола: Ракометот повторно ги обедини битолчани – Едногласно продолжена платформата на Пелистер и Еурофарм Работник

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Битола едногласно го усвои предлогот за продолжување на ракометната платформа помеѓу РК Еурофарм Работник и РК Пелистер, со што ќе продолжи досегашната соработка која донесе значајни резултати и успеси за битолскиот ракомет.

Предлогот како дополнителна точка на дневниот ред на 12-тата седница на Советот го поднесе претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Станува збор за одлука за давање согласност за продолжување на периодот на важност на Договорот за уредување на капиталната и управувачката структура помеѓу двата ракометни клуба, односно продолжување на ракометната платформа која изминатите години стана препознатлива и на домашната и на европската сцена.

Во своето обраќање, Бојкоски истакна дека ракометот е симбол и гордост на Битола и порача дека спортот треба да биде фактор што обединува.

„Битола живее за ракометот. Оваа платформа покажа дека со визија, партнерство и посветеност може да се создаде силен и конкурентен клуб, препознатлив и дома и на европска сцена. Очекувам поддршка од сите советнички групи, затоа што кога станува збор за интересот на Битола, спортот и младите генерации треба да бидеме обединети“, изјави Бојкоски.

Тој додаде дека ракометот не смее да биде тема на поделби, туку заедничка инвестиција во иднината на градот и младите генерации.

Советниците едногласно го поддржаа предлогот, со што официјално беше продолжена ракометната платформа која во изминатиот период донесе бројни спортски успеси и ја зацврсти позицијата на Битола како еден од најголемите ракометни центри во државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img