домаМакедонијаВарош пееше под ѕвездите: Со незаборавен концерт на „Мизар“ завршија „Деновите на...

Варош пееше под ѕвездите: Со незаборавен концерт на „Мизар“ завршија „Деновите на Крали Марко“

- Advertisement -spot_img

Со концерт на легенарната група Мизар и исполнет амфитеатар во Варош, викендов свечено заврши традиционалната манифестација Денови на Крали Марко во организација на Општина Прилеп.

Во изминатите денови, низ повеќе културни, едукативни и уметнички настани, граѓаните имаа можност да се потсетат на легендата за Крали Марко – симболот на Прилеп и значаен дел од македонската историја и традиција.

Во амбиентот на црквата Св. Никола беа организирани ликовни работилници за ученици од основните училишта, инспирирани од легендите и преданијата за Крали Марко, додека во Завод и Музеј Прилеп најмладите учествуваа на интерактивна и едукативна работилница посветена на историското и културното значење на легендарниот владетел.

Посебен белег на манифестацијата даде и ЕХО патува, фестивалот на планински филм кој внесе дополнителна културна и уметничка димензија во програмата.

Завршната вечер донесе одлична атмосфера, многу емоции и моќен настап на „Мизар“, под ѕвезденото небо и во уникатниот амбиент под Маркови Кули, каде бројна публика уживаше во музиката и атмосферата.

Од Општина Прилеп порачаа дека и понатаму ќе продолжат да го негуваат, промовираат и афирмираат културното наследство, традицијата и вредностите што го обединуваат градот и народот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img