домаМакедонијаДимитриеска Кочоска: Владата ги продолжува мерките против ценовниот шок и инфлацијата до...

Димитриеска Кочоска: Владата ги продолжува мерките против ценовниот шок и инфлацијата до 1 јуни

- Advertisement -spot_img

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, мерките претставуваат одговор на економските предизвици и нестабилностите на меѓународните пазари на енергенси, со кои во моментов се соочуваат голем број држави.

„Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.

Од Владата посочуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги амортизира економските удари врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобални економски неизвесности.

Засега не се соопштени дополнителни детали кои конкретни мерки остануваат во сила, но институциите најавуваат дека приоритет останува заштитата на животниот стандард и контролата на инфлаторните движења.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img