Во Виена денеска започна спектаклот на Евровизија 2026 со традиционалниот тиркизен тепих – церемонија што секоја година го означува почетокот на евровизиската недела. Настанот е уникатна мешавина од музика, мода и гламур, каде сите 35 делегации се претставуваат пред јавноста.
По азбучен ред, учесниците парадираа од Бургтеатарот до Виенер ратхаус, додека домаќинот Австрија ја имаше честа да помине последен. Секоја делегација ја претстави својата песна за време на прошетката, што ја засили празничната атмосфера и ја најави големата музичка недела.
Спектаклот беше заокружен со посебен музички чин – изведбата на австриската победничка песна „Wasted Love“ од JJ, во придружба на Симфонискиот оркестар на Радио Виена.
Овогодинешното издание на најголемото телевизиско музичко натпреварување во светот се одржува во „Винер Штадхале“, а полуфиналните вечери се закажани за 12 и 14 мај, додека финалето ќе се одржи на 16 мај.
Тиркизниот тепих не е само модна парада – тоа е моментот кога Евровизија официјално започнува, а градот домаќин се претвора во центар на музичката енергија и културната разноликост.








