Годинава е реформска, ќе нема избори – премиерот Мицкоски ги расчисти дилемите. Вели, Владата е фокусирана на консолидација на земјата, но испрати порака, дека партијата што ја предводи во секое време е подготвена за соочување.
Социјалдемократите, пак, се уверени во можноста на сценариото за предвремени избори, бидејќи според партијата, најавените истраги во Унгарија по падот на Орбан, го брзаат премиерот Мицкоски кон ново изборно соочување.
Коалицискиот партнер во владата, „Вреди“, е против одржување предвремени парламентарни избори. Како и премиерот Мицкоски, и тие велат дека се фокусирани на политиките кои ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните. Со ваквиот став, не се согласува министерот за социјална политика, Фатмир Лимани кој официјално потврди дека ја напушта партијата.
Интегративците се подготвени и бараат предвремени избори. Доколку се одржат утре ние сме подготвени, став на лидерот на ДУИ, Ахмети. Вакво барање до Мицкоски упати и неговиот поранешен коалициски партнер, Арбен Таравари.








