Призна вина, па доби затворска казна. Службеничката од Министерството за земјоделство, обвинета за мито во случајот за злоупотреби со ИПАРД програмата доби 10 месеци зад решетки. Судскиот процес за останатите осуммина продолжува.
10 месеци затвор, одреди скопска единица за службеничката од Министерството за земјоделство Јасмина Костадинова која призна дека зела 2.000 евра мито за да посредува фирма од Велешта да добие пари од ИПАРД програмата.
Казната ќе и се смета од 5-ти ноември од кога Костадинова е во куќен притвор.
Со одлука на судот ќе и се одземат и 8.000 евра колку што беа запленети при претресот, бидејќи обвинетата не дала покритие за парите.
Судскиот процес продолжува за останатите осуммина обвинети. Меѓу нив се и поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Илија Стоилев како и газдата на фирмата Џевдет Насуфи кој требало да даде 50 илјади евра за да земе европски пари иако неговата фирма не ги исполнувала условите, пренесува МРТ.








