HomeМакедонијаКоњановски: Битола домаќин на завршницата од државното првенство во куглање: битолската куглана...

Коњановски: Битола домаќин на завршницата од државното првенство во куглање: битолската куглана меѓу најдобрите во земјава

- Advertisement -spot_img

Битола беше домаќин на полуфиналето и финалето од поединечното државно првенство во куглање во сениорска конкуренција, при што битолската куглана повторно доби високи оценки за условите што ги нуди за овој спорт.


Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека е чест да се проследи ваков настан, особено по позитивните оценки од страна на кугларската федерација дека кугланата во Битола располага со едни од најдобрите услови во државата.


Првенството се одвивало во повеќе фази – квалификациите, осминафиналето и четвртфиналето се играле во Скопје, додека завршницата, односно полуфиналето и финалето, се одржале во Битола.


Во машка конкуренција учествувале двајца куглари од клубот „Макпетрол“, како и по еден од „Вардар“ и „ГТЦ“. Во женска конкуренција, три натпреварувачки биле од „ГТЦ“, додека една од битолскиот клуб „Пелистер“.
Наградите на најдобрите им ги доделиле градоначалникот Коњановски и директорот на ЈП „Комуналец“, Горан Степановски, претпријатие кое стопанисува со кугланата.

Претседателот на федерацијата, Дарко Димитровски, ја пофалил поддршката што Општина Битола ја дава за развојот на куглањето, нагласувајќи дека ваков ангажман не е забележан во други општини.
Коњановски порача дека локалната самоуправа ќе продолжи со инвестициите и поддршката на овој спорт, како и со одржувањето и унапредувањето на кугланата.


Дополнително, беше истакнато дека битолската куглана, поради квалитетот и исполнувањето на сите стандарди, ќе биде база за подготовки на машката и женската сениорска репрезентација пред претстојното светско првенство во Австрија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img