ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Чаир.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект 5/4 на улицата Максут Садик, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.






