Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува граѓаните дека жичницата на Водно нема да функционира во сабота и недела, на 25 и 26 април 2026 година. Како што наведуваат од претпријатието, прекинот на работата е резултат на дополнителни технички проверки кои ќе бидат извршени од специјализирани тимови од австриската компанија „Допелмаер“. Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на корисниците за разбирањето и ги повикуваат да го почитуваат известувањето.








