домаМакедонијаПочна сезоната на грип, расте бројот на респираторни инфекции

Почна сезоната на грип, расте бројот на респираторни инфекции

- Advertisement -spot_img

Македонија влегува во сезоната на грип. Во текот на една недела има 154 граѓани со симптоми на грип, или 37,5 проценти повеќе од претходната седмица. Половина од болните се од Тетово и од Скопје. Вирусот е потврден и кај две деца во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“, но ниту едно нема тешка клиничка слика.

Сè уште доминираат респираторните инфекции, посочуваат лекарите. Новороденче старо 40 дена е најмладиот хоспитализиран пациент, а болнички се лекуваат уште 50-тина деца, најмногубројни се оние кои одат во градинка. За едно деноноќие има и до 150 прегледи.

„Тие што лежат се со воспаление на белите дробови, опструктивни бронхити, ларингитите се чести заради променливото време. Детето има само температура, да се почека 2-3 дена, па потоа да се отиде на матичен лекар, а не веднаш да се оди во болница, бидејќи кога ќе биде само со температура, не би можеле да кажеме што би било и како би се развивала клиничката слика. Да се избегнува одење по чекални, бидејќи можат да се добијат и други инфекции“, изјави д-р Катерина Бошковска, директорка на Клиниката за белодробни заболувања „Козле“.

Во периодот што следува, педијатрите очекуваат бројот на болни деца да се зголемува.

Сезоната на респираторни инфекции е во тек, а децата се меѓу најизложените. Престојот во колективи овозможува полесно ширење на вирусите. Лекарите советуваат родителите да не ги носат болните деца во градинка или во училиште.

Најефикасната заштита од сезонскиот грип е имунизацијата. Досега се вакцинирани повеќе од 25 илјади граѓани. Се трошат последните дози.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img