Светскиот шампион во бокс, вотешка категорија Украинецот Александар Усик (24-0, 15 КО) не може да го оцени настапот на Британецот Тајсон Фјури (35-2-1, 24 КО) во неговата последна борба против Арсланбек Махмудов, бидејќи гледал само половина од борбата.
Сепак, генерално, враќањето на Фјури во рингот е благодет за дивизијата, нагласи непоразениот боксер. Во 2024 година Усик двапати го победи Тајсон на поени, по што Британецот го објави своето пензионирање.
„Тајсон е луд човек, се враќа по четврти или петти пат. И тоа е добро“, верува Усик.
„Во моментов е добро, категоријата има потреба од него. Имаме една или две години пред да се промени ерата“, забележа Александар.
„Потоа се (Фабио) Вордли, (Мозес) Итаума, млади момци. Ќе се опуштиме, ќе играме фудбал, голф, ќе пиеме пиво“.








